Најдобро решение за слабата батерија на Samsung Galaxy S6

Објавено на 08.03.2015 во Новости



Најдобро решение за слабата батерија на Samsung Galaxy S6

Samsung Galaxy S6 е фантастичен смартфон со голем број на врвни технолошки компоненти како Quad HD дисплејот кој има неверојатна густина на сликата од 577 ppi, потоа врвен 64 битен осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор и 16 мегапикселна камера, но најголемата грижа е за капацитетот на батеријата од само 2600 mAh. За обезбедување на повеќе енергија, сепак ќе се погрижи преносниот полнач Flex Pocket Charger кој има капацитет исто така од 2600 mAh.
 
 
Flex Pocket Charger е мал преносен полнач кој лесно се прикачува на Samsung Galaxy S6 и кога батеријата ќе ви биде на критично ниво веднаш ќе добиете резерва. Треба да напоменеме дека Samsung Galaxy S6 на првите тестови добро се справува и малата батерија не е голем проблем бидејќи самиот Snapdragon 810 е посовршен со изработката во 14 nm процес и има далеку подобар менаџмент на потрошувачката на енергија.
 
 
Во секој случај доколку сакате да бидете сигурно дека нема да останете на цедило може да го купите преносниот полнач Flex Pocket Charger за 49 долари, а наскоро очекуваме и додатоци од нови производители кои можеби ќе ја спуштат цената уште пониско.