Google започнува со креирање виртуелен Android

Објавено на 09.03.2015 во Новости



Google започнува со креирање виртуелен Android

Google се подготвува да фати приклучок во светот на виртуелната реалност со тоа што ќе лансира посебна верзија на оперативниот систем Android која ќе може да работи со VR очила, гејминг конзоли и друг вид на опрема со апликации за пренесена реалност. 
 
Самиот поим виртуелна реалност до пред две години беше само фантазија од научно-фанастичните филмови се додека малиот стартап Oculus покажа дека сосема е возможно и достижно да работи со нов вид на софтверска платформа со нови виртуелни апликации, игри и мултимедијални содржини. 
 
VR технологијата брзо се развива и одлични проекти најавија Samsung, Facebook, Sony, Microsoft, HTC и само прашање на време беше кога ќе се приклучи Google кој планира целосна еволуција на Android системот, а голема помош ќе добие од уште еден иновативен стартап MagicLeap кој има многу ветувачка технологија. Затоа до крајот на годината ги очекуваме и првите резултати од виртуелните апликации за Android.