iOs 8.2 ги реши маките на iPhone и стартуваше со Apple Watch

Објавено на 10.03.2015 во Новости



iOs 8.2 ги реши маките на iPhone и стартуваше со Apple Watch

Apple ја лансираше најголемата надградба на оперативниот систем iOs досега која нуди решение за сите претходно пријавени проблеми. Apple откако беше силно критикуван реши за прв пат да го промени пристапот и да дозволи beta верзијата на iOs 8.2 прво да биде тестирана од страна на заедницата на корисници регистрирани како девелопери и со тоа да се отстранат сите недостатоци. 
 
 
Во делот на стабилноста подобрени се апликациите Mail, Maps и Music. На листата на промени се наведени сите отстранети „багови“ меѓу кои најнеподносливи беа проблеми со Wi-Fi и Bluetooth конекцијата, календарот, часовникот и повеќе основни апликации.
 
 
Новата iOs 8.2 надградба е посветена и на Apple Watch па сега сите функции на часовникот ќе биде целосно прилагодени со смартфонот iPhone. Освен Apple Watch силнa подршка доби и новиот софтвер Health Kit кој ќе овозможи креирање на платформа за медицински истражувања и следење на здравствената состојба на корисниците со специјални апликации. 
 
 
Надградбата со iOs 8.2 е компатибилна со iPhone 4s и сите понови смартфони, како и сите iPad таблети, освен првиот модел.
 




Прочитајте повеќе: