Nokia HERE мапите се вратија на iPhone

Објавено на 11.03.2015 во Новости



Nokia HERE мапите се вратија на iPhone

Одличниот сервис за мапи и навигација Nokia HERE конечно се вратија во Apple App Store по едногодишно отсуство со што сите корисници на iPhone ќе имаат нова бесплатна апликација како замена за Google Maps. 

Nokia во изминатиот период навистина се потруди да го подигне нивото на квалитет на Nokia HERE со можност за симнување на мапи од региони и држави кои може да се прегледуваат и без интернет конекција, потоа прецизна навигација со давање на насоки и пласман на информации за локациите, сообраќајот и патните рути.

Nokia HERE Maps апликацијата може бесплатно да ја инсталирате на iPhone од Apple Play Store, па споделете во коментарите како сте задоволни од услугите.