Први слики од виткиот LG G4

Објавено на 12.03.2015 во Новости



Први слики од виткиот LG G4

LG Mobile мудро сочека да заврши еуфоријата околу Samsung Galaxy S6 и HTC One M9 па сега ќе може целосно да го насочи фокусот кон новиот премиум смартфон LG G4 за кој очигледно има голем интерес по протекувањето на првите слики од дизајнот. 
 
 
На почетокот на годината LG G Flex 2 го продолжи експериментот со заоблено тело и по позитивните критики евидентно е дека слична естетика ќе биде применета и кај LG G4. Токму тоа може да се види и од овие први неофицијални слики каде LG G4 има блага закривеност на телото и ќе биде интересно да се види дали ќе бидат внесени дополнителни функции во софтверот, како и технологијата за „самолекување“ со отстранување на сите гребнатинки од маската.
 
 
Промоцијата на LG G4 се уште не е закажана, но штом атмосферата се повеќе се загрева тогаш LG Mobile треба да побрза и да ги открие сите атрибути на смартфонот.