ZTE Grand S3 - Првиот смартфон со Retina скенер

Објавено на 13.03.2015 во Новости



ZTE Grand S3 - Првиот смартфон со Retina скенер

ZTE очигледно ги следеше сите шпекулации кои кружеа за скенерот за очи на iPhone 6 и Samsung Galaxy S6 и наместо да чека да види како ќе се справат Apple и Samsung со оваа технологија реши самиот да ја примени во новиот ZTE Grand S3 кој функционира навистина импресивно.
 
 
Retina скенерот на ZTE Grand S3 се користи за отклучување на смартфонот со скенирање на окото на корисникот и може да се постави како безбедносна заштита за работа со одредени апликации на кои им треба авторизација, на пример PayPal за одобрување на трансфер на пари или мобилни плаќања. ZTE тврди дека скенерот никако не може да биде измамен, ниту со слика ниту со видео од очите на корисникот кој е регистриран.
 
 
Освен со Retina скенерот ZTE Grand S3 може да се пофали и со солидни компоненти како што е 5.5 инчен IPS дисплеј со резолуција од 1080 х 1920 пиксели, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, 16 мегапикселна камера, 8 мегапикселна камера на предната страна, 4G LTE конекција и батерија со капацитет од 3300 mAh. ZTE Grand S3 доаѓа со Android 4.4 KitKat системот и ќе чини 400 евра.
Автор: Aleksandar Stankov