Sony ќе лансира супер селфи смартфон Xperia Cosmos

Објавено на 16.03.2015 во Новости



Sony ќе лансира супер селфи смартфон Xperia Cosmos

Sony Mobile најверојатно се подготвува за лансирање на вториот селфи смартфон по Xperia C3 кој ќе има моќна предна камера со LED блиц. Новите извори пренесуваат дека смартфонот ќе го носи името Xperia Cosmos и ќе има солидни перформанси со истакнување на квалитетни камери за супер фотки.
 
 
Xperia Cosmos е планиран за средината на пролетта и се уште е рано да се прогнозира какви спецификации ќе поседува, освен што ќе работи на Mediatek процесор за да се постигне пониска цена. Повеќе детали ќе дознаеме во наредниот период.