Google е во паника од заканите на Apple

Објавено на 17.03.2015 во Новости



Google е во паника од заканите на Apple

Google навистина тешко ја доживеа одлуката на Mozilla да го тргне стандардниот Google Search од својот browser и да го замени со пребарувачот на Yahoo, што резултираше со пад на пазарното учество од 4 проценти, но може да замислите каква паника ќе кренат ако Apple навистина ги реализира заканите дека ќе го стори истото.
 
 
Корисниците на Mozilla постојано добиваат агресивни реклами од Google во кои им се вели дека може веднаш да се вратат на стариот добар Google Search и да го постават како главен пребарувач. Кога Apple би го сторил истото и би ги одбрал Yahoo, Bing или пак сосема свој пребарувач, тогаш во Google ќе се активира алармот за катастрофа бидејќи значен дел од успехот се должи токму на корисниците на iPhone.
 
Од друга страна овој мал пораз на Google е и добра вест бидејќи компанијата ќе мора да сфати дека повеќе ја нема можноста за огромна доминација како во минатото и ќе треба да се потруди да ги подобри своите услуги и сервиси за корисниците самите да ги одберат и во иднина.
 




Прочитајте повеќе: