Xiaomi и Li-Ning ќе креираат смарт патики

Објавено на 17.03.2015 во Новости



Xiaomi и Li-Ning ќе креираат смарт патики

Xiaomi сака да се наметне како најиновативната кинеска компанија и сака да докаже дека е нешто многу повеќе од имитатор на Apple, па затоа веста за соработка со спортскиот бренд Li-Ning воопшто не е изненадување. Смарт технологијата продира и во модната и спортската индустрија, па затоа ќе биде возбудливо да се види како би функционирала една смарт патика и дали таа воопшто ќе биде практична.
 
 
Според извештаите на кинеските медиуми Xiaomi и Li-Ning спортските патики ќе имаат вградени сензори кои ќе ги мерат изминатите чекори, ќе го анализираат притисокот на стопалото, заедно со квалитетни податоци кои ќе се испраќаат преку фитнес апликација до вашиот смартфон. 
 
На овој начин ќе имате подобар увид во вашите физички активности и ќе немата потреба од фитнес алка или смарт часовник. Датумот на промоцијата и цената на смарт патиките на Xiaomi и Li-Ning ќе бидат откриени наскоро.