Полицијата има тајни уреди за пратење на телефоните

Објавено на 17.03.2015 во Новости



Полицијата има тајни уреди за пратење на телефоните

Здруженијата за правата на приватност во САД откриваат дека полицијата користи тајни уреди за следење на комуникацијата на осомничените криминалци или терористи кои може да ги пресретнат сите телефонски повици, пораки и податоци, но се загрижени бидејќи може да дојде до злоупотреби како и нарушување на приватноста на недолжни минувачи.
 
 
Полицијата во повеќе окрузи на САД одвојува стотици илјади долари за набавка на новата опрема која популарно е наречена Stingray и засега одбиваат да даваат изјава за медиумите за нејзината употреба, ниту пак кој стои зад изработката на уредите за следење. 
 
 
Stingray функционира на тој начин што таргетираниот телефон го измамува дека е мобилен предавател и може да го пресретне сигналот, заедно со целата комуникација. Досега има извештаи дека ја користи и локалната и федералната полиција во посебни истраги и акции за спречување на криминал, но нема евидентирани материјали за тоа како се постапува со собраните податоци во кои има и приватна комуникација на случајни минувачи.