Супер Марио ќе не забавува и на смартфон

Објавено на 17.03.2015 во Игри



Супер Марио ќе не забавува и на смартфон

Nintendo со големо задоволство соопшти дека планот за влез на мобилните платформи конечно ќе започне да се реализира со што гејмерите ќе добијат голем број на нови видео игри со легендарните ликови како Супер Марио.
 
 
Идејата на Nintendo е да се направи совршен спој меѓу гејмерските конзоли и мобилните уреди, но да не се прават директно копии од игрите како Super Mario, Legends of Zelda, Donkey Kong и останатите за да не се изгуби нивната уникатност, туку да се креираат сосема нови наслови во соработка со DeNA кои ќе бидат конкретно дизајнирани за смартфон или таблет, а со тоа ќе имаат многу повисок степен на привлечност. 
 
 
Првите Nintendo игри за смартфон ги очекуваме на почетокот на есента оваа година, а останува да се види дали ќе биде применет freemium концептот на бесплатни игри со доплата или пак ќе се наплаќа одредена сума за секој наслов во App Store и Google Play.
Автор: Aleksandar Stankov