Забранетата Launcher апликација се враќа за iPhone

Објавено на 19.03.2015 во iOs



Забранетата Launcher апликација се враќа за iPhone

Apple пред шест месеци ја забрани една од најдобрите апликации  Launcher за iPhone која овозможуваше користење на виџети од заклучениот екран и активирање на омилените апликации без потреба да го отклучувате смартфонот и да ги барате во менито. Apple сега се предомисли и дозволи Launcher повторно да се користи што конечно ги задоволи барањата на корисниците.
 
iPhone Screenshot 1
 
Со Launcher добивате огромен избор од известувања кои ќе се прикажуваат на заклучениот екран кои ќе може веднаш да ги активирате, на пример испраќање на одговор на пораки, влучување на Facebook и други социјални мрежи, добивање на насоки од Maps, како и добивање брз пристап до омилените веб страници.
 
 
Launcher е бесплатна за инсталирање и користење за iPhone од App Store, а исто така има и Pro верзија која чини 3.99 долари со голем број на дополнителни функции.