Еве како функционира интернетот во Северна Кореја

Објавено на 20.03.2015 во Новости



Еве како функционира интернетот во Северна Кореја

Најзатворената и најконтролираната земја во светот Северна Кореја сепак, има интернет и одреден степен на технологија, но пристап има само врвната политичка и воена елита која користи шферцувани Apple Mac компјутери и iPhone смартфони, додека пак обичниот народ нема никаков пристап до надворешниот свет преку интернет. Стравот кај власта е дека луѓето ќе видат како се живее во останатите земји по што може да дојде до побуна и рушење на системот.
 
 
Дури и владините агенции кои користат интернет за ширење на пропаганда се строго контролирани и вработените не смеаат да откриваат никакви информации во општеството инаку им се закануваат тешки санкции. Интернет конекцијата на Северна Кореја е подржана од Кина преку операторот Unicom, а се користи за ширење на пропаганда за активистите кои го подржуваат режимот во Јужна Кореја и Јапонија.
 
 
Втората главна цел на интернет инфраструктурата во Северна Кореја е да се користи за сајбер војна со САД и Јужна Кореја и имаат специјална хакерска единица која е врвно обучена и со години успешно прави штети. Се проценува дека во Северна Кореја има околу 1000 IP адреси, кои им припаѓаат на главните водачи и елитата кои живеаат сосема поинаков живот уживајќи ги сите привилегии.