Xiaomi конечно ќе нападне со смартфон за 50 евра

Објавено на 23.03.2015 во Новости



Xiaomi конечно ќе нападне со смартфон за 50 евра

Подолго време се шпекулира дека Xiaomi ќе направи атркација во мобилната индустрија со смартфон кој ќе чини само 50 евра и според најновите информации од кинеските оператори тоа ќе се оствари набрзо. Ниската цена не треба да ве излаже бидејќи новиот Xiaomi Redmi 3 ќе понуди и одлични перформанси.
 
 
Според првите тестирања откриено е дека Xiaomi Redmi 3 ќе има 4.7 инчен HD дисплеј, ќе работи на четири-јадрен Lead Core LCI LC1860C процесор, Mali T628 GPU, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 13 мегапикселна камера, 4G LTE Cat4 конекција, како и батерија со капацитет од 2600 mAh.