Meizu MX Supreme ќе ја користи моќта на Nokia

Објавено на 25.03.2015 во Новости



Meizu MX Supreme ќе ја користи моќта на Nokia

Meizu MX Supreme ќе биде новото кинеско чудо за кој се претпоставува дека ќе биде првиот смартфон со кој Nokia ќе го направи својот камбек во мобилната индустрија, позајмувајќи ја одличната PureView камера со 21 или 41 мегапиксели.
 
 
Кинеските медиуми пренесуваат дека Meizu MX Supreme ќе понуди врвен квалитет со 5.5 инчен Quad HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 3 или 4 GB RAM, 32 GB меморија, 4G LTE конекција, батерија со капацитет од над 3000 mAh, како и релативно ниска цена до 450 долари. 
 
Meizu MX Supreme најверојатно ќе биде промовиран наредниот месец и со нетпрение го очекуваме.