Facebook со времеплов ќе не враќа во минатото

Објавено на 25.03.2015 во Новости



Facebook со времеплов ќе не враќа во минатото

Facebook воведе нов додаток на социјалната мрежа наречен On this day кој ќе служи како времеплов за најактивните корисници и ќе ги потсети за објавените постови на денешен ден низ годините.
 
 
Доколку сакате да се потсетите што сте објавиле лани или пред неколку години и тоа ви покаже како сте се однесувале во минатото може и да ја активирате можноста за секојдневни нотификации.
 
 
Откриените статуси се приватни, се додека не одлучите повторно да ги споделите со пријателите, а ако не сте задоволни од минатите активности може и целосно да ги избришете од вашиот профил.