Откриен е Spartan за Windows 10 Mobile

Објавено на 28.03.2015 во Windows



Откриен е Spartan за Windows 10 Mobile

Microsoft ги престави основните функции на новиот интернет прелистувач Spartan за Windows 10 за десктоп, но се уште ја крие во тајност мобилната апликација. За среќа Windows Mania успеале да дојдат до првата верзија на Spartan за Windows 10 Mobile и споделија како изгледа пребарувачот со повеќе негови функции.
 
 
Како што ќе може да видите од сликите Spartan за Windows 10 Mobile има одличен и модерен дизајн при што веб страните лесно се прилагодуваат на малите екрани, а воведени се и голем број на нови функции. Тука ја вбројуваме можноста за зачувување на содржините кои ќе може да ги прочитате подоцна без интернет конекција, како и вклучување на hub панелот за брзо споделување на информации со вашите контакти од социјалните мрежи.
 
 
Генерално интерфејсот на Spartan за смартфон изгледа добро организиран со алатки кои веднаш ќе ги воочите и лесно ќе се движите од страна во страна, со обележување на омилени странииц и пребарување на самата страна. Ова е само мал поглед во Spartan, а многу повеќе детали ќе откриеме наскоро.