iPad Pro со USB-C ќе се трансформира во лаптоп

Објавено на 31.03.2015 во Новости



iPad Pro со USB-C ќе се трансформира во лаптоп

Apple најверојатно ќе се осмели и конечно ќе го лансира долго очекуваниот таблет iPad Pro кој ќе се издвојува од досегашната понуда со 13 инчен дисплеј и затоа претпоставките дека ќе може лесно да се трансформира во лаптоп се сосема оправдани и донекаде потврдено со најновото протекување на информации од Кина.
 
 
Според новите протечени слики од наводни инсајдери на Apple во Кина се гледа дека таблетот iPad Pro ќе го користи новиот USB-C приклучок преку кој ќе може лесно да се поврзе надворешна тастатура и маус, додека пак со истиот кабел може да префрлате содржини преку USB и да го полните уредот како лаптоп со моќна батерија. 
 
 
Овие слики сепак, ќе ги земеме со доза на сомнеж бидејќи доаѓаат од Кина каде често се креираат клонови на iPhone и iPad за кои се тврди дека се тест модели, но секако тоа не ја исклучува веројатноста дека Apple покрај за лаптопот Mac Pro ќе го користи супер брзиот USB-C конектор и за iPad Pro.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: