Gmail ги собира сите мејлови на едно место

Објавено на 31.03.2015 во Android



Gmail ги собира сите мејлови на едно место

Gmail ја објави новата верзија на мобилната апликација за Android преку која сега ќе може да ги прегледувате сите мејлови од еден профил, како на пример повеќе кориснички сметки кои ги имате регистрирано на Gmail, но и меил адреси од Yahoo и Outlook.
 
 
Со новата верзија на Gmail добивате единствено влезно сандаче со пораки, а сите разговори се групирани со различни анимации за поголема прегледност.
 
 
Новитет има и во приказот на прикачените документи за полесно да прегледате што содржат, а исто така може сите фајлови веднаш да ги закачите на виртуелниот диск Google Drive.