Alcatel OT Watch стартува за 130 евра

Објавено на 01.04.2015 во Смарт часовници



Alcatel OT Watch стартува за 130 евра

Смарт часовникот Alcatel OneTouch Watch кој прв пат го видовме во јануари за време на CES конечно ќе биде пуштен во продажба и веќе започнува можноста за порачка по цена од 149 евра. Alcatel OT Watch е еден од најевтините смарт часовници кој освен со Android, ќе може да функционира без проблеми и со iPhone, што го прави прилично уникатен.
 
 
Alcatel OT Watch има сопствен софтвер кој ги обезбедува сите смарт функции како пренос на известувања од смартфонот, потоа апликации за фитнес како мерење на работата на срцето, изминати чекори и висина, а со часовникот ќе може да управувате со музичкиот плеер, да ја активирате камерата, заедно со уште многу додатоци.
 
 
Со оглед на ниската цена изненадува фактот што Alcatel OT Watch доаѓа со водоотпорен дизајн благодарение на IP67 сертификатот, батерија која издржува активна работа од 3 до 5 дена, со кружен дисплеј кој ја заштедува енергијата, а има пристојна видливост. Порачките на Alcatel OT Watch може да се вршат преку сајтот на Alcatel.