Пристигнаа најевтините Chromebook лаптопи

Објавено на 01.04.2015 во Новости



Пристигнаа најевтините Chromebook лаптопи

Google најави два нови Chromebook лаптопи кои се најевтини досега и ќе се продаваат по цена од само 149 долари. Chromebook лаптопите Hisense и Hairer може да се порачаат во САД, а наскоро ќе пристигнат и во Европа, со цена која се надеваме дека ќе биде идентична.

Hisense и Hairer Chromebook се одлични лаптопи од основната понуда со големина на екранот од 11.6 инчи со резолуција од 1366 х 768 пиксели, работат на четири-јадрен Rockchip RK3288 1.8 GHz процесор, 2.0 GB DDR3L SDRAM, 16 GB eMMC Flash меморија, како и батерија која издржува 10 часа активна работа.

Лаптопите Hisense и Hairer Chromebookнудат Wi-Fi конекција која е неопходна за поврзување со оперативниот систем Chrome и работа со сите онлајн апликации, DC приклучок, HDMI влез за мултимедиа, два USB 2.0 влеза, приклучок за звучник и микрофон, читач за microSD мемориска картичка и AC адаптер за полнење на батеријата.