Батериите на Tesla за еден месец во нашите домови

Објавено на 02.04.2015 во Новости



Батериите на Tesla за еден месец во нашите домови

Tesla се подготвува за нова категорија на производи која ќе биде промовирана кон крајот на април, барем така пренесе нејзиниот основач Илон Маск кој е омилен меѓу tech фановите. Новиот производ е мистерија сега за сега, но според досегашните активности може да се претпостави дека се работи за откривање на новите домашни батерии кои значително ќе ни ги намалат трошоците за електрична енергија.
 
 
Визијата на Илон Маск е Tesla заедно со Solar City од Калифорнија да прерасне во нов енергетски гигант со целосно преносување на моќта на купувачите бидејќи со домашните батерии ќе може да ја складирате соларната енергија за напојување на домот, а вишокот ќе може да го продавате на електродистрибутивната мрежа.
 
 
Батериите според досегашните изјави на почетните корисници се многу ефикасни, модерни, не им треба никакво одржување и значително се профитабилни. Теоретски батериите може да ги полните кога има евтина тарифа, а вишокот струја да го продавате кога е скапата тарифа. Без оглед колку се ефикасни, домашните батерии ќе внесат значителна револуција во начинот на кој ја трошиме електричната енергија, а ќе бидат добредојдени и во сончева Македонија, каде сите ќе може максимално да го исползуваат вишокот на струја.