Создадете синџир од видеа со Facebook Riff

Објавено на 03.04.2015 во Новости



Создадете синџир од видеа со Facebook Riff

Facebook Riff е нова апликација за споделување на видеа со вашите пријатели која на социјалната мрежа ќе и даде поголема креативност. Facebook не престанува со лансирање на нови апликации кои не прават се позависни од социјалната мрежа и голем дел од нашите секојдневни активности ги споделуваме во јавноста.
 
 
Со Facebook Riff ќе може да снимате кратки видеа со траење до 20 секунди и потоа треба да ги означите и споделите. Вашите пријатели ќе може да одговорат исто така со кратко видео, а темата ќе може да ја прифати било кој нивни пријател, со што кругот на споделување на видеа постојано ќе се проширува.
 
Facebook Riff апликацијата е активирана и може веднаш да ја симнете за вашиот Android или iOS смартфон.