Јака журка - Beatport со неограничена електронска музика
Објавено на 03.04.2015 во Новости
Beatport е најновата апликација за стриминг на музика која нуди неограничен и бесплатен пристап до илјадници песни од најдобрите DJ и музичари. Beatport има огромна предност во однос на Spotify, Pandora, Google Play Music и Beats Audio бидејќи е целосно бесплатна без потреба од месечна претплата или пак наплаќање за поединечни песни или албуми.
Проектот Beatport започна како платформа на DJ-ите и продуцентите на електронска музика кои на едно место ги објавуваа сите нови траки, но сега прераснува во бесплатен стриминг сервис за сите фанови.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.