Видео: Преглед на најдобрите и најчудните функции на Apple Watch

Објавено на 06.04.2015 во Смарт часовници



Видео: Преглед на најдобрите и најчудните функции на Apple Watch

За неколку дена долго очекуваниот Apple Watch ќе влезе во продажба и затоа сега е идеално време за прикажување на видеата со инструкции за основните функции и можности во интерфејсот. Apple изработи четири туторијал видеа за општата работа на часовникот, потоа посебни видеа за испраќање смс пораки, дигитални цртежи и избор на позадина и стил.
 
 
Овие видеа ќе бидат од голема корист за тие што прв пат користат смарт часовник и ќе може подобро да се запознаат со новата платформа на Apple Watch. Ние ја издвојуваме можноста за дигитални цртежи како најчудна бидејќи на вашите пријатели може да им испраќате срциња, но и се што ќе нацртате на дисплејот.
 
 
Сепак, сметаме дека пораките со многу понормална комуникација па затоа сите пораки од смартфонот ќе може да ги прочитате на часовникот со кревање на екранот. На нив може да возвратите со веќе подготвен одговор или пак со диктирање на текстуална или аудио порака, како и со емоџи со најразлични изрази.