Nokia ги продава HERE Maps на германски авто бренд

Објавено на 11.04.2015 во Новости



Nokia ги продава HERE Maps на германски авто бренд

Nokia најверојатно ќе го продаде популарниот сервис за мапи и навигација HERE Maps на некој од најголемите германски автомобилски брендови како BMW, Mercedes-Benz или Wolkswagen за цена од над 2 милијарди долари.
 
 
Nokia со овие пари ќе може да се фокусира на развој на сопствени телефони и таблети, додека пак автомобилските брендови ќе добијат ексклузивна можност да ги користат HERE Maps во своите автомобили за бесплатна навигација за која не ви треба ниту интернет конекција.