ZTE има заоблен конкурент на Samsung Galaxy S6 Edge

Објавено на 13.04.2015 во Новости



ZTE има заоблен конкурент на Samsung Galaxy S6 Edge

ZTE подготвува уште еден топ смартфон кој ќе биде сместен во премиум класата и според старото познато правило ако не можеш да ги победиш придружи им се не очекува уште еден смартфон со заоблен екран на рабовите слично како и кај Samsung Galaxy S6 Edge.
 
 
ZTE Nubia Z9 ќе се обиде да се наметне кај купувачите со квалитетна изработка на телото со примена на премиум стакло и метал, како и екстремно тенка рамка околу екранот кој ќе има заобленост на рабовите. 
 
 
ZTE Nubia Z9 според најновите информации ќе располага и со 5.5 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи на моќниот осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 или 4 GB RAM, додека пак цената според досегашното искуство не би требало да надмине 500 евра што ќе биде значително поевтино од конкуренцијата.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: