Samsung Galaxy A8 ќе биде најтенкиот металец
Објавено на 13.04.2015 во Новости
Samsung Mobile работи на уште еден Galaxy A смартфон кој ќе има метално куќиште и најтенко тело досега од само 5.8 милиметри, а притоа ќе се погрижи и за употреба на супер квалитетни компоненти за да ги одржи перформансите на високо ново.
Четвртиот Galaxy A најверојатно ќе дојде со 5.7 инчен Full HD дисплеј што значи дека ќе има слична големина како и фаблетот Galaxy Note 4, но со таа разлика што ќе го користи осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 615 процесор со 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3050 mAh. Samsung Galaxy A8 се очекува да пристигне кон крајот на мај со цена од околу 500 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.