Asus VivoWatch - Часовник за спортисти со екстра батерија

Објавено на 14.04.2015 во Смарт часовници



Asus VivoWatch - Часовник за спортисти со екстра батерија

Asus го најави новиот смарт часовник Asus VivoWatch кој се издвојува од Android Wear понудата со посебен оперативен систем и може да се пофали со батерија со екстра издржливост која обезбедува активна работа од 10 дена со едно полнење.
 
 
Asus VivoWatch е часовник наменет пред се за спортиститите благодарение на големиот број на фитнес додатоци како сензор за мерење на работата на срцето и пулсот, виталните функции и физичките активности. Asus VivoWatch ќе има и посебен сет на фитнес апликации со кои ќе може да го испланирате вашето спортување и вежбање. 
 
 
Asus VivoWatch доаѓа со екран во правоаголна форма со нер`ѓсувачки челик и со IP67 сертификатот ги исполнува условите за отпорност на оштетувања од вода и прашина. Asus VivoWatch ќе биде пуштен во продажба кон крајот на година по цена од околу 150 долари.