Експлозивен старт на Samsung Galaxy S6 и S6 Edge

Објавено на 15.04.2015 во Новости



Експлозивен старт на Samsung Galaxy S6 и S6 Edge

Фановите на смарт технологија оваа сезона најмногу се воодушевени од дизајнот на Samsung Galaxy S6 и S6 Edge кои изгледаат одлично и нудат врвни перформанси со моќниот Exynos 7420 процес кој покажа апсолутна доминација на сите тестови. Тоа ја зголеми самодовербата на Samsung кој се надева дека ќе има одлична продажба и затоа продолжува со фантастичните реклами.
 
 
За корисниците сите брендови снимаат посебни Unbox видеа со презентација на основните елементи на дизајнот, додатоците и функциите на интерфејсот, но Samsung Galaxy S6 и S6 Edge довиваат фантастични видеа како од акционите филмови кои изгледаат импресивни, а притоа умешно се прикажуваат сите клучни адути на смартфоните.
 
 
Samsung Galaxy S6 Edge добива најголеми пофалби пред се за дизајнот со двојната заобленост на дисплејот од страничните рабови кои немаат голем број на дополнителни функции освен приказ на нотификации, но затоа пак придонесува за одлична естетика. Samsung Galaxy S6 и S6 Edge веќе ги има и на македонскиот пазар и може да се купат по цена од околу 700 евра.

Автор: Aleksandar Stankov