Huawei P8 Max - Нов хибриден ѕвер со 6.8 инчен дисплеј

Објавено на 16.04.2015 во Новости



Huawei P8 Max - Нов хибриден ѕвер со 6.8 инчен дисплеј

Huawei ја изненади јавноста и наместо мини верзија на премиум смартфонот Huawei P8 претстави огромно хибридно чудовиште кое е на границата меѓу телефон и таблет со големина на дисплејот од 6.8 инчи. Сосема јасно е дека Huawei P8 Max е топ таблет со можност за користење на SIM картичка, а со тоа и на испраќање SMS пораки и воспоставување на телефонски повици, заедно се повеќе адути.
 
 
Huawei P8 Max доаѓа со премиум метално тело со едноделна маска изработена во седум слоја за распоредување на топлината и поголема ефикасност на дизајнот. Huawei P8 Max е прилично тенок со само 6.8 милиметри и е доволно компактен со оглед на големината на екранот. 
 
 
Хибридот располага со осум-јадрен HiSilicon Kirin 935 процесор, 3 GB RAM, 64 GB меморија со дополнителен слот за мемориска картичка, 13 мегапикселна камера со оптички стабилизатор на сликата, како и масивна батерија со капацитет од 4360 mAh. Huawei P8 Max наскоро ќе биде пуштен во продажба со цена од околу 600 евра.