Xiaomi Mi Note Pro конечно доаѓа на 6 мај

Објавено на 18.04.2015 во Новости



Xiaomi Mi Note Pro конечно доаѓа на 6 мај

Xiaomi уште пред неколку месеци го најави супериорниот фаблет Xiaomi Mi Note Pro но, од тогаш немаше ни трага ни глас ниту во Кина, ниту пак пак на онлајн сајтовите за нарачка. Сега конечно се потврдува дека Xiaomi Mi Note Pro ќе биде пуштен во продажба на 6 мај, откако пред една недела доби дозвола од кинеската агенција TENNA.
 
 
Се уште нема официјален став од компанијата зошто дојде до одложување на Xiaomi Mi Note Pro, но подобро доцна отколку никогаш. Корисниците ќе може да го купат Xiaomi Mi Note Pro за цена од околу 490 евра и за тие пари ќе добијат екстра квалитетно изработен фаблет со метална рамка, како и Quad HD дисплеј со големина од 5.7 инчи.
 
Xiaomi Mi Note Pro исто така може да се пофали со екстремно моќен хардвер предводен од осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 4 GB RAM, 16 или 64 GB меморија, 13 мегапикселна камера со оптички стабилизатор, како и батерија со капацитет од 3000 mAh.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: