CloudMagic Email функционира магично
Објавено на 19.04.2015 во Android
CloudMagic Email е апсолутно еден од најдобрите mail клиенти кои сме ги тестирале во последно време и може да се каже дека е идеална замена за помалку конфузниот Gmail кој има премногу различни бои за сите поединечни разговори, контакти, а често и беспотребно се полни со известувања од YouTube и останатите социјални мрежи.
Затоа се истакнува CloudMagic Email кој има едноставен и прегледен распоред во инбокс со чисти линии на разговорите и лесно може да препознаете кои пораки се важни и од кого пристигнале. CloudMagic Email исто така нуди и синхронизација на контакти, а може да се регистрирате со било кој сервис како Yahoo, Gmail, Outlook и многу други.
Од останатите предности на CloudMagic Email би ги издвоиле картичките за посебните мобилни апликации за пренос и складирање на фајлови како Everenote, Dropbox, Instapaper и останати сервиси. Со CloudMagic Email за Android нема да згрешите и лесно ќе ја одржите секојдневната приватна и деловна комуникација.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.