ZTE го откри првиот голем напредок со 5G брзини

Објавено на 21.04.2015 во Новости



ZTE го откри првиот голем напредок со 5G брзини

ZTE е еден од кинеските брендови кој напорно работи на креирање на 5G технологија за ултра брз интернет и мобилна конекција која ќе биде за неколку пати постабилна и побрза од денешниот 4G LTE стандард. ZTE откри дека постигнале огромен напредок со новата Multi-User Shared Access технологија која за три пати го зголемува капацитет на пренос на податоци преку безжични мрежи.
 
Од ZTE исто така откриваат дека во тестовите ја користат постојната 4G LTЕ инфраструктура па затоа нивниот експеримент спаѓа во Pre5G фазата, но со дополнителн напор во наредните години ќе може да им достават на операторите и технолошките компании неверојатни брзини. Со 5G мрежата ќе се создаде новиот „интернет на нештата“ со поврзување на сите сервиси и уреди со брза конекција и неограничен пренос на податоци за дел од секундата.