Апликација на денот - Wazere ќе ви открие топ локации

Објавено на 23.04.2015 во iOs



Апликација на денот - Wazere ќе ви открие топ локации

Wazere е нова апликација за iOs која најдобро ќе им послужи на туристите и оние кои сакаат да посетат интересна локација. Најдобар начин да се информирате за одредено место е да ги видите искуствата на луѓе кои веќе биле таму, па затоа штом се доближите ќе може да ги погледнете сите објавени слики на Wazere.
 
iPhone Screenshot 2
 
Исто така и вие самите ќе може да учествувате во поставување на слики за одредена локација, на пример за омилената плажа, ноќен клуб, квалитетен ресторан и било кој забавен објект и место. Wazere е навистина забавна апликација и може веднаш да ја превземете за iOs од App Store.