Наскоро ќе полета HTC Butterfly 3

Објавено на 25.04.2015 во Новости



Наскоро ќе полета HTC Butterfly 3

HTC и покрај тоа што има солиден успех со HTC One серијата во премиум класата не се откажува од симпатичните HTC Butterfly смартфони кои наскоро ќе го добијат третиот наследник. За тие што не се сеќааваат најдобро да потсетиме дека HTC Butterfly беше првиот смартфон со Full HD резолуција со тогаш рекордна густина на сликата од 440 ppi, па затоа сега мора да се подигнат стандардите на уште повисоко ниво.
 
 
Според првичните информации HTC Butterfly 3 ќе располага со 5.1 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, ќе работи со 64 битен осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера со 4K HD видео, како и батерија со капацитет од околу 3000 mAh. 
 
HTC Butterfly 3 најверојатно ќе пристигне во Јапонија кон крајот на мај, а потоа ја очекуваме и неговата интернационална верзија.