Новата опција на Google ќе ве воодушеви

Објавено на 26.04.2015 во Android



Новата опција на Google ќе ве воодушеви

Google промовираше нова услуга за своите Android корисници кои отсега ќе може директно од интернет пребарувачот да пренесуваат потсетници, белешки, насоки за локации и други информации на смартфонот со брзо внесување на податоците.
 
google send directions to phone gif
 
На овој начин полека се брише границата меѓу користењето на десктоп компјутер и Android смартфон и двете платформи се поблиску една до друга. За корисниците ова значи заштеда на време при работата и наместо често да се префрлаат од еден во друг уред ќе може сите задачи да ги завршат на десктоп, а потоа да продолжат да работат на Android смартфон.