Новите Xiaomi смартфони со скенери за отпечатоци

Објавено на 27.04.2015 во Новости



Новите Xiaomi смартфони со скенери за отпечатоци

Xiaomi малку доцни со прифаќање на популарниот тренд на примена на скенери за отпечатоци во смартфоните, но не сака да заостанува зад Apple и Samsung кои наголемо ги користат овие адути. Токму затоа Xiaomi поднесе сопствен патент за нова технологија на скенери кои ќе имаат заштитно стакло и ќе бидат вградени во копчињата на допир на телефонот.
 
 
Првиот смартфон кој би користел ваков скенер за отпечатоци е најверојатно следниот премиум модел Xiaomi Mi5 планиран за крајот на годината. На овој начин Xiaomi ќе може да се вклучи и во трката со мобилни трансакции бидејќи скенерите за отпечатоци обезбедуваат дополнителен степен на безбедност за корисниците при користење на кредитните картички.