Златниот Apple Watch ја освои и Бијонси

Објавено на 27.04.2015 во Смарт часовници



Златниот Apple Watch ја освои и Бијонси

Apple имаше успешен старт со продажбата на смарт часовникот  Apple Watch кој за само неколку дена се продаде во повеќе примероци отколку што конкурентите од Samsung и Android продадоа за месеци. Меѓу успешните тактики на Apple е секако и привлекувањето на славните личности како Бијонси кои добија специјални часовници со златни ременчиња вредн илјадници долари, иако договорите за рекламирање се сигурно многу повисоки.
 
 
Освен Бијонси која го одбра златниот Apple Watch, можноста да го користат луксузниот часовник ја имаа и раперот и продуцент Фарел Вилијамс, хип-хоп артистот Дрејк и поп ѕвездата Кети Пери. 
 
 
Почетната цена на Apple Watch изнесува околу 350 долари за наједноставниот модел со метална конструкција, додека пак најлуксузниот часовник се продава по цена од 17 илјади долари.
Автор: Aleksandar Stankov