Автоматското возење е новиот голем тренд

Објавено на 27.04.2015 во Smart Vehicles



Автоматското возење е новиот голем тренд

Можеби Tesla го популаризираше концептот на автономни возила кои ќе функционираат без команди од возачот, но овие технологии веќе ги применуваат големите автомобилски брендови како BMW, Mercedes, Toyota, General Motors и останатите. На некој начин сите треба да му бидат благодарни на Елон Маск кој е омилен меѓу фановите на технологија бидејќи неговите визии и концепти лесно допираат до јавност, па без оглед на технолошкиот степен на развој најголем бенефит ќе имаат возачите.
 
 
Од се што е замислено во наредните години без оглед дали ќе биде од Tesla или од BMW може да очекуваме возење со системи кои ќе ви помогнат да го одржувате правецот на автопат со прилагодување на брзината доколку пред вас има знак со брзински лимит, потоа предупредување при влегување во друга лента, добивање на информации од сензорите на автомобилот за останатите учесници во сообраќајот и одржување на растојанието.
 
 
Исто така напредните компјутерски системи во автомобилите ќе овозможат итно кочење и запирање на автомобилот, асистенција при паркирање, потоа повикување на автомобилот, полесно менување брзини и уште многу напредни техники. Разликата е што единствено Tesla е премногу амбициозен во промоција на автономните возила, додека пак традиционалните брендови се уште ја ценат улогата на самиот возач и неговата способност да управува со возилото, додека пак технологијата му е понудена само за поголема безбедност и олеснување при критични ситуации.