Апликација на денот - Text Me за бесплатни пораки и повици
Објавено на 27.04.2015 во iOs
Text Me е една од помалку познатите апликации која функционира одлично и во овозможува да испраќате бесплатни пораки без оглед на која мобилна платформа сте, што значи дека може од Android да се допишувате со некој кој користи iPhone смартфон, а истото важи и за корисниците за таблет.
Со Text Me покрај бесплатни пораки ќе може да воспоставувате и аудио и видео телефонски повици, односно со една апликација ќе ги покриете сите комуникациски потреби.
Text Me може бесплатно да ја превземете за Android од Play Store, додека пак за iOS ќе ја најдете во App Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.