Samsung Galaxy Alpha тргна по Android освежување

Објавено на 28.04.2015 во Новости



Samsung Galaxy Alpha тргна по Android освежување

Еден од подобро дизајнираните смартфони на Samsung од минатата година Galaxy Alpha е ставен на листата на добивање на софтверска надградба со поновата верзија на оперативниот систем Android 5.0.2 Lollipop која веќе е пуштена во Јужна Кореја, а наскоро ќе пристигне и во останатите региони.
 
 
Samsung Galaxy Alpha со Android 5.0.2 Lollipop надгтадбата ќе добие поголем степен на стабилност, подобри перформанси, а ќе бидат отстранети одредени грешки во системот. 
 
Да потсетиме Galaxy Alpha го проби мразот за Samsung како еден од првите смартфони со метални елементи во дизајнот, квалитетен 4.7 инчен Super AMOLED дисплеј, Exynos 5 Octa 5430 процесор, 2 GB RAM, 12 MP камера, како и батерија со капацитет од 1860 mAh.