Мафни и на камерата - Facebook Messenger со видео повици

Објавено на 28.04.2015 во Новости



Мафни и на камерата - Facebook Messenger со видео повици

Facebook Messenger апликацијата доби нов начин на комуницирање, а тоа е со опцијата за воспоставување на видео повици со што се доближува до големите конкуренти како Apple FaceTime, Skype и Hangouts. Новата можност за видео повици е надополнување на услугите на Facebook Messenger апликацијата каде може исто така да испраќате бесплатни пораки, како и да воспоставите аудио повици.
 
 
Facebook Messenger постојано се подобрува и сега се гледа зошто Facebook одлучи да го одвои овој сервис од главната мобилна апликација бидејќи си отвори огромен простор за развој на платформата со целосна понуда со неодамна претставените стикери, емотикони и емоџи. Видео повиците за Facebook Messenger веќе се достапни за Android и iOS апликациите и наскоро ќе пристигнат во Европа, па ќе може веднаш да ги активирате.