Тим Кук даде насоки за нов Apple производ

Објавено на 29.04.2015 во Новости



Тим Кук даде насоки за нов Apple производ

Тим Кук извршниот директор на Apple за време на промоцијата на финансискиот извештај кој е покажа рекордна продажба на iPhone 6 откри мали траги за следниот хит производ кој ќе ги освои фановите, а тоа не е ниту смартфон ниту таблет.
 
 
Според Тим Кук новиот производ на Apple навистина ќе ги воодушеви сите корисници бидејќи станува збор за класична услуга која ќе биде понудена на нов иновативен начин, што веднаш асоцира на Apple TV и понуда на интернет мултимедијални содржини.
 
 
Apple подолго време се обидува да смисли како да ја пласира сопствената ТВ платформа и очигледно е дека ќе го одбере рецептот на HBO Now со дигитален сервис кој за одредена месечна претплата ќе ви понуди голем број на оригинални серии, шоуа, емисии и забавни содржини. Apple TV ќе биде целосно редефиниран и очекуваме да се појави кон крајот на годината.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: