Откриена фабричка грешка во Apple Watch

Објавено на 30.04.2015 во Новости



Откриена фабричка грешка во Apple Watch

Apple очигледно ќе си има големи проблеми со замена на фалични часовници Apple Watch кои имаат фабричка грешка со делот задолжен за вибрирање и достава на нотификации. Досега голем број на корисници се пожалиле дека часовникот често вибрира без потреба и кога нема нови известувања, па вината се бара во кинеските фабрики кои го произвеле сензорот.
 
 
Тоа ќе доведе до неколку проблеми за Apple и компанијата ќе мора да ја одложи интернационалната продажба на Apple Watch за месец до два, што многу ќе се одрази на профитот и ќе се изгуби оној одличен почетен момент кога часовникот беше одлично прифатен кај фановите. 




Прочитајте повеќе: