Според Google во Македонија се бара леб, во Чиле кокаин

Објавено на 30.04.2015 во Новости



Според Google во Македонија се бара леб, во Чиле кокаин

Според најчесто бараните термини на Google за секоја земја поединечно е издвоен најбараниот производ и неговата цена, па така е изработена и светската мапа на производи по држави која е на прв поглед смешна, но има и одредена тажна вистина. Според Google во Македонија корисниците најчесто се интересираат која е цената на лебот, додека на пример во Чиле цената на кокаинот. Во продолжение може да ја погледнете целата светска мапа на најбарани производи и нивни цени.
 
 
На Балканот во Грција најчесто се бара цената на венчавка, во Босна трошоците за живот, во Хрватска кафето, во Србија пивото, а во Албанија колку чини наоѓање на добро платена работа. 
 
 
Од побизарните пребарување ги издвојуваме Русија во која луѓето се интересираат колку чини летање со борбениот авион МИГ, во Бразил колку чини проститутка, а во Јужна Кореја пластична операција на носот.
Автор: Aleksandar Stankov