Пренесувајте видеа во живо на Android со Meerkat

Објавено на 02.05.2015 во Android



Пренесувајте видеа во живо на Android со Meerkat

Meerkat за кратко време успеа да привлече голем број на корисници на iOs овозможувајќи стриминг на видеа во живо до сите контакти кои ги имате на Twiiter и истите може да го следат вашиот пренос, да коментираат и да одговорат со свои видеа. По неколку недели конечно простигнува и beta верзијата на Meerkat за Android со истите функции и покажува дека оваа платформа брзо се шири.
 
 
Доколку вашите контакти на Twiiter ја инсталираат Meerkat апликацијата веднаш ќе добијат известување дека започнал преносот на видеото и ќе може да се вклучат во активноста. Од Meerkat објаснуваат дека видеата не ги сочувуваат и може да се гледаат само во живо без репризи, а додека оди преносот секој може да го твитне на својот профил.