Lenovo LaVie Z е потенок и помоќен од Macbook Air
Објавено на 04.05.2015 во Новости
Новиот Lenovo LaVie Z добива навистина одлични оценки и многумина го прогласуваат за директен конкурент на Apple Macbook со импресивниот дизајн со тенко и лесно тело и квалитетните компоненти кои нудат врвни перформанси.
Lenovo LaVie Z нуди 13 инчен дисплеј со 2K HD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, работи на Intel Core i7 процесор од петтата генерација, 8 GB RAM, 256 GB меморија, два USB 3.0 порта, HDMI приклучок, како и батерија која може да издржи активна работа од 9 часа.
Lenovo LaVie Z доаѓа со оперативниот систем Windows 8.1 и навремено ќе ја добие надградбата со новата Windows 10 верзија. Основниот модел на Lenovo LaVie Z чини 1499 долари, додека поскапиот со 1699 долари нуди флексибилен потпирач за различна поставеност на дисплејот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.