Официјално ZTE Nubia Z9 - Можности без граници

Објавено на 06.05.2015 во Новости



Официјално ZTE Nubia Z9 - Можности без граници

ZTE конечно го промовираше долго очекуваниот премиум смартфон Nubia Z9 кој ги исполни очекувањата за „дизајн без граници“ со целосна искористеност на предната површина на дисплејот кој странично речиси и да нема никаква рамка со што се создава една сосема нова и уникатна естетика. Nubia Z9 е изработен од метал со тенко тело, а покрај изгледот секако има силни адути и во останатите категории.
 
 
Nubia Z9 ќе ги задоволи сите фанови на мобилната технологија со 5.2 инчен Full HD дисплеј кој има 2.5D ефект, работи на 64 битен осум-јадрен Snapdragon 810 процесор со Adreno 420 GPU, подршка за SIM картички, 3GB или 4GB RAM по избор, 32 GB или 64 GB мемориски простор и батерија со солиден капацитет 2900 mAh. 
 
 
ZTE го доближи Nubia Z9 до врвот со 16 мегапикселна Sony IMX234 камера идентична како и кај LG G4 со f/2.0 апаратура, оптичка стабилизација и снимање на 4K UHD видеа. Предната камера е подеднакво добра со 8-мегапиксели и Sony IMX179 сензор. Основниот модел на ZTE Nubia Z9 ќе се продава по цена од 550 долари, додека пак подобро опремениот ќе чини 640 долари.
Автор: Aleksandar Stankov