Google ве мотивира да прашувате и дознавате

Објавено на 08.05.2015 во Новости



Google ве мотивира да прашувате и дознавате

Google започна како интернет пребарувач и со сите напори се обидува да остане на врвот. Денес Google Search е многу повеќе од обична лента на која пребарувате веб страни, слики и видеа и мора да се признае дека пребарувањето доживеа голема револуција со понуда на одговорите веднаш, па затоа Google ве мотирвира да прашувате, да ја активирате вашата љубопитност и на најдобар можен начин да го искористите интернетот.
 
 
Меѓу главните новитети на Google Search е можноста за гласовно пребарување што совршено се вклопува во користењето на мобилните телефони и таблетите без потреба од внесување на термини во пребарувачот. Одговорите на Google се генијални и сега може да поставувате конкретни прашања со што значително ќе го намалите потребното време за пронаоѓање на посакуваните резултати.
Автор: Aleksandar Stankov